Летната туристичка сезона е во полн ек, па така многумина веќе ги искористија, ги искористуваат или ќе ги искористат годишните одмори.
Бројот на туристи кои годинава со авион пристигнаа во Анталија, Турција надмина шест милиони, јавува Анадолија.
Во соопштението на гувернерот се наведува дека многу позитивни се податоците за туристичките посети во текот на 2022 година.
За 107 отсто е зголемен бројот на туристи кои во градот допатувале по авион од 1 јануари до 24 јули во однос на истиот период од претходната година и достигна 6.133.463.
Вкупниот број на патници кои пристигнале во Анталија со авион во овој период го надмина вкупниот број на туристи од 2020 и 2021 година.
И покрај економската ситуација и инфлацијата има голем интерес кај нашите туристи за патување ова лето- велат од туристичките агенции.
Најавата на претседателот на Угостителско-туристичката комора на Македонија Аркан Керим дека летово околу 150 000 туристи ќе отпатуваат во Турција полека се реализира.
-Ние веќе сме распродадени скоро 80% од сезоната е веќе распродадена. Интересот е огромен како за Турција така и за Египет. Она што ме прашавте за слободни места, крајот на август се пополнува, а се пополнува и септември, вели туристичкиот работник Виктор Медуњанин изјави за ТВ21.
За Анталија и Египет слободни чартер летови има дури од октомври.
Ова година можеме да се пофалиме дека има интерес, дури нема слободни места врз основа на тие барања кои ги имаме во моментов. На прво место најбарана дестинација е Турција, Анталија, Бодрум. Исто така голем е инетерсот и за Египет и Тунис, изјави Ана Марија.
Секако најмногу Македонски туристи и летово има во соседна Грција каде што и таму се поскапени цените, но се чини тоа кај граѓаните на Македонија многу не влијае.