Ристо и Анка Илиеви од село Подареш, радовишко се луѓе кои живеат осамен живот и се разоч арани од дното на душата. Условите во кои живеат им се премногу тешки.
Ристо од својата 12 година работел за да преживее и долги години работел како овчар, измеќар, градежен работник. Еднаш се женел но имал неуспешен брак.
Потоа камен по камен со своите раце градел скромна куќа за неговите две ќерки и еден син и втората сопруга Анка со која е заедно веќе 30 години. Живееле скромно, со сув леб, кромид, брашно и маст.
– Многу мал останав сам без родители и морав да се снаоѓам како знам и умеам. è што можеше од работа да се замисли, јас сум работел. Денес во староста помош немам од никого, раскажува дедо Ристо за емисијата „Срце на дланка“.
Дедо Ристо денес има 80 години и поради оште тениот вид веќе не може да работи, а сопругата Анка ни псих офизички веќе не е добра.
Во животот се препуштени сами на себе. Во црква ако се собере некој денар одат и им даваат за да си купат барем леб.
Нивниот 30-годишен син е сместен во институција во Негорци затоа што не е здрав и често се случувало и да ги напа дне не свесно и тоа им причинува најголема бол ка.
Денес има осумдесет години, речиси воопшто не гледа и живее со едвај 6.000 денари месечно. Пред неколку години живееле и без никаков приход.
Го немаат видено две години, а и да сакаат да го видат немаат финансии за да го посетат. За жал ниту двете ќерки кои се мажени во Будинарци не сакаат да ги посетат родителите.
– Земаме само 6.000 денари пари од социјалното. Но, тоа е премалку за да може да се прехраниме. Ќе купам едно шише зејтин, ќе го помешам со малку маст и така го поминуваме месецот.
Еден ден ќе спржам јајца, некогаш грав, макарони, супа, пиперки… Месо не сме јаделе со децении. Немаме пари за да си дозволиме такво нешто. Пред извесно време немавме никаков приход и тогаш ни беше најтешко, вели дедо Ристо.
На семејството на дедо Ристо му треба храна, мебел, дрва. За да се стоплат малку во зима Анка влече гранки од некаде. Воопшто не им е лесен животот на сопружниците и едвај чекаат некој да ги посети да им го осветли секојдневието.
Доколку сакате да им помогнете на дедо Ристо и неговата сопруга тоа можете да го направите на следниот телефон 077/670171 или на следната жиро-сметка 5355823107626041