Стојанче Ангелов: Состојбата во државата е таква што веќе и таксистите и берберите не знаат што да се прави

  • By klaster3
  • јули 21, 2022
  • 0
  • 373 Views

Актуелниот директор на ЦУК, а лидер на политичката партија Достоинство и поранешен ген ерал-мајор Стојанче Ангелов често поради своите ставови и излагања во јавноста знае да привлече внимание.

Иако најчесто го гледаме во сериозни изданија додека дава изјави за активностите на Центарот за управување со кри зи како негов директор, сепак Стојанче често покажува и една поопуштена страна.

Како дел од неговата секојдневна работа, Стојанче секогаш е прв на лице место во која било ситуација која непредвидено ќе се случи ширум земјата, а која е во домен на неговата професија.

Иако коментарите од луѓето најчесто се зајадливи и со потсмев, сепак Ангелов никогаш не потклекнува пред нив, па дури и ги прифаќа шегите на негова сметка.

Ангелов со право може да кажеме дека е една од позастапените јавни личности кај нас во медиумите. Тој често знае да се огласи на социјалните мрежи, но и е чест гости во емисии на интервјуа и дебати.

Стојанче Ангелов пред извесен период гостување на познатиот јутјубер Стефан Лазаров каде што отворено разговараше на неколку теми.

Меѓу другот Ангелов смета дека постојат ситуации во кои мораме да бидеме објективни. Не може секогаш да се однесува како што се чувствува и вели дека емоциите не носат корист ни во политиката, ни во во јувањето.

– Во политика емоциите треба да се тргнат на страна. Јас сум 15 години во политиката, поголемиот дел од нас ја има таа мо ќ. Тоа не треба да го очекуваме од обичните граѓани и тука доаѓа до таа разлика дека граѓаните се многу емотивни.

А од друга страна состојбата во државата е толку ком плицирана што веќе и таксистите и берберите не знаат што да се прави. Кај нас сите се стручњаци за се, а тоа е благодарение на интернетот, вели Стојанче во интервјуто за јутјуберот Стефан Лазаров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.