Вики: Има ли некој во оваа земја кој на место си ја извршува работата за која е платен

  • By admin
  • јули 15, 2022
  • 0
  • 585 Views

Деновиве мошне актуелна тема во јавноста е не милата случка со коњите во скопската зоолошка градина кој резултираше и со смена на директорот.

Новинарката на Фокус, Вики Клинчарова на својот фејсбук профили попладневно се огласи со фејсбук статус на кој освен фотки напиша:

Кога сме кај коњите… Ова крдо од 10-15 коњи живее распуштено на коловозот, на врвот на планината Серта, пред клучката Штип-Радовиш веќе два месеци.

Излегуваат пред автомобили на кривините, во меѓувреме добија и подмладок. Еднаш со фотографии и локација се обратив на страницата на МВР, без реакција, еднаш звонев во Полициска станица Радовиш.

Првин ме “мав аа” дека Полициска станица Неготино треба да си ги собере, кога им појаснив дека не се во Општина Неготино, едвај се согласија да пратат луѓе да ги соберат.

По две недели коњите уште стојат на патот! Денес во разговор со дежурен во ПС Радовиш, пак иста песна, звонете во полиција Неготино да ги соберат коњите, ние не сме надлежни.

Има ли некој во оваа земја кој на место си ја извршува работата за која е платен? МВР??? Или тука се реагира откако некој ќе отиде курбан?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.