Едни од најпознатите телевизиски лица во Македонија несомнено се Игор Џамбазов и Марјана Станојковска. Кај двајцата доминираат шармот и позитивната енергија која ја шират околу нив.
Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својата втора младост.
Пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – тоа е единствениот Игор Џамбазов.
Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.
Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.
Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.
Периодов, згодната Марјана има нов водителски ангажман на еден од најпознатите фестивали кои се одржуваат во Македонија „Пиво Фест“.
Со настапот на Елена Петреска, вечерва во Прилеп, по две годишна пауза, започна фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.
Посетителите ќе можат да уживаат во богата музичка програма во која најголем дел се наши, македонски изведувачи и само неколку странски групи. Водители на првата феставалска вечер беа Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.
Не е тајна дека Џамбазов и Станојковска се добри пријатели. Во една прилика Марјана напиша за него „Човек кој многу го почитувам и сакам“, а вчеравечер на фестивалот Пивофест беа неразделни.
За тоа сведочат видеата и фотографиите кои ги споделија на социјалната мрежа Инстаграм, а на кои се гледа дека тие двајца се сакаат и почитуваат и професионално се согласуваат.