Сузана Турунџиева со предлог предмети во училиштата: Посебен акцент би ставила на љубовта и должноста кон татковината

  • By klaster3
  • јули 16, 2022
  • 0
  • 435 Views

Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.

Во 1991 година, после дипломирањето на ФМУ, заминува во Австралија, на покана од КУД „Александро Турунџев“ од Мелбурн.

Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење – „Да пеам, да те натпеам“, каде ја освојува првата награда.

По враќањето од Австралија, се запишува на постдипломски студии по соло пеење на ФМУ Скопје, и започнува да работи како професор по соло пеење и камерна музика во средното музичко училиште, Илија Николовски Луј.

Потоа почнува активно да се занимава и со естрадно пеење, каде покрај класичната, мошне успешно се испробува и во поп, џез, блуз, кабаретската и евергрин музиката.

Паралелно со професорската дејност, Сузана Турунџиева работи и како хонорарец во МРТВ, во Редакцијата за странска обработена програма.

Од 1999 година, животот ја пренасочува во телевизиските води, и после поканата од А1 телевизија да работи на музички проект, а денес работи во Алфа ТВ и како наставничка.

Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто. Овојпат, Сузе сподели предлог предмети кои би требало да се изучуваат во училиштата.

„Да се прашувам јас, во училиштата би се учело само: пеење, пливање, дишење, свирење, танцување, цртање, почитување, читање, пишување..

Би се изучувало и: готвење, плетење, шиење, ситни поправки, планинарење, обработка на земја и одговорност за животните. Посебен акцент би ставила на: љубовта и должноста кон татковината, предците, а особено би се изучувал предмет за заштита на културно историското минато.

Задолжителни предмети би биле: смеење, гушкање, помагање на немоќни и грижа за животната средина. Тука би додала и изборни предмети во кои би ги ставила сите јазици во светот.. Секому по избор!

Да се прашувам јас, во училиштата пред и над се, би се учело да бидеш човек и да мислиш со своја глава.. ама не се прашувам јас“, напиша Сузе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.