Докторот Олумчев: Ве молам, особено вас помладите, ако треба и на колена ќе клекнам

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 8820 Views

Епидемиолог во Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија, доктор Сашко Олумчев, во разговор за ТВ Нова 12 се осврна на сегашната ситуација со со вирусот во Гевгелија и општините што ги покрива овој Центар.

При тоа, тој ја изрази својата загриженост од тоа како овој нов мутиран вирус се однесува. Имено, вели Олумчев, новата мутација е 70 насто позаразна, со тешка симптоматологија и за разлика од ланскиот тип на вирус, ги зафаќа сите возрасти, вклучително сега повеќе и младата популација.

Значи, истакнува доктор Олумчев, овој нов сој на вирус, поминува низ млада и имуна популација која сега ни се однесува како еден вид инкубатор кој ја билда јачината и инфективноста на овој нов сој.

Јас ги разбирам младите, кои сакаат да живеат, но треба да помислат дека кога ќе се вратат дома може да ја заразат целата фамилија. За разлика од првиот сој на Ковид-19 кој имаше латентен период од 7 до 8 дена, овој нов сој за ден два создава озбилна клиничка слика со висока температура и бронхопнеумонија.

Треба да напоменам дека и кај нас, во Гевгелија, имаме случаи на реинфекција на лица кои веќе ја прележале болеста, што говори дека имаме работа со опасен противник.

Што се однесува до прогласувањето на полициски час, јас сум скептичен дека тоа ќе даде некои повидливи резултати. И сега гледаме дека кафулињата се преполни, за разлика од ресторантите кои ги почитуваат здравствените протоколи при работењето, па затоа би требало сите надлежни, од полицијата па се до инспекциските служби, да вршат поригорозна контрола.

Зошто да не, да ги опоменуваат ваквите несовесни сопственици и гости на кафулињата, ако треба и со мегафони од своите возила. Инаку, јас се залагам за викенд полициски час, за да може да се спречат ваквите собирања, но сепак се зависи од свеста и совеста на сите нас, затоа што треба да разбереме дека самите сме одговорни не само за своето здравје, туку и здравјето на своите најблиски.

Кога зборуваме за вакцините, ќе треба да размислуваме дали тие ќе бидат успешни и против овој, британски сој на вирусот, но и против сите мутации кои ќе се јавуваат и во наредниот период.

Мораме, под ит но да ја употребиме т.н. геномска епидемиологија, која и Британците ја направија, односно ние треба да секвенционираме примероци од пациенти кои лежат во ков ид-болницата и да ги испратиме во МАНУ, за да знаеме со кој сој на вирус се соочуваме овде во Гевгелија.

Нашите граѓани комуницираат со државјани и од Грција и од други земји, па може да излезе дека кај нас го имаме африканскиот сој, да речеме. Се надевам дека откако ќе се направат потребните алгоритми, во наредниот период ќе испратиме примероци во МАНУ .

Очекувам нашите здравствени власти да предложат поригорозни мерки за спречување на ширењето на вирусот, затоа што треба здравствениот систем, кој е на стаклени нозе, да се заштити, бидејки очекувам во наредниот период да има двојно поголем број на заразени а двојно помалку кревети и персонал.

ВЕ МОЛАМ ГЕВГЕЛИЧАНИ, ОСОБЕНО ВАС МЛАДИТЕ, АКО ТРЕБА И НА КОЛЕНА ЌЕ КЛЕКНАМ, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ЗДРАВСТВЕНИТЕ МЕРКИ. СИТУАЦИЈАТА Е ТЕШКА, КРЕВЕТИТЕ СЕ ПРЕПОЛНУВААТ, ПЕРСОНАЛОТ Е ПРЕПОЛОВЕН И УМОРЕН.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.