Во потрагата по Мартин Јовановски во Егејското Море се вклучени три брода, четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, хеликоптер како и поголема групи волонтери.
Мартин исчезна во саботата попладне додека се капел на плажата во местото Посиди, заедно со уште двајца негови пријатели.
Вчера преку својот профил се огласи со апел Горан Јовановски, брат на третото момче кое ичезна на Халикидики и по кое се уште се бара:
„Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до офкат екипата спасували од Грција и до Генералниот конзулат во Солун кои изминативе три дена се заедно со насето семејство во потрага на нашиот Мартин.
Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од Македонската влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејки според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден.
Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме Македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела владата да организира некаква акција.Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин.
Ве молам шернувајте за да стигне постот до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за нашето семејство“.
Денеска, Горан повторно упати молба кон македонската јавност споделувајќи последна фотографија од неговиот брат која ќе помогне при потра гата.
„Ова е сликата направена од денот на исчезнуванјето на мојот брат. Потрагата се уште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет.
Потребна ни е поголема покриеност од Воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајтеме.
Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите сто помагаат да имаат појасна слика“