Снежана Лупевска со голема загуба – емотивни се прости

  • By klaster3
  • јули 13, 2022
  • 0
  • 599 Views

Несомнено Снежана Лупевска Созен важи за една од најпознатите македонска новинарки и продуцентки која долги години ја гледаме на малите екрани.

Снежана Лупевска Созен дипломирала на Интердисциплинарни студии по новинарство на Правниот Факултет во Скопје 1996 година и посетувала магистерски студии по Крим инологија при Правниот факултет во 2013 година.

Од 1994 работи како новинарка во А1 Телевизија и репортерка за внатрешна политика, кри минал и кор упција. Од 1997 година е уредничка на вестите во оваа телевизија а во моментов работи во Телма ТВ.

Новинарката Снежана Лупевска веќе осум години е во брак со Созен Ерџан, бизнисмен од Турција. Двојката се запознала на семинар во Белград.

Како плод на нивната љубов Снежана и нејзиниот сопруг Ерџан Созен се остварија во улога на родители откако го добија синот Микаил.

Лупевска Созен иако ретко споделува моменти од приватниот живот со јавноста, денеска на својот Фејсбук профил со пријателите сподели неубава вест поврзана со нејзиното семејство:

„Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот, и дека керките и татковците делат едно срце. Татковците се супер херои , водич во животот…

Мојот татко беше сето ова но и многу повеќе. Смирен но и силен , тивок но и решителен , за мене татко од најубавата сликовница мојот Суперман..

со сето ова не сфаќав дека старее…дека еден ден може да не биде со нас оти никогаш не се жалеше и се можеше сам . За жал утрово го напушти овој свет ,но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва

Од таму горе , од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Поч ивај во мир татко“, емотивно напиша Снежана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.