Доцна вечерва се огласи Рашковски и потврди дека е во Мексико – ги откри и причините

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 1685 Views

Поранешниот генерален секретар Драги Рашковски деновиве повторно се најде во центарот на медиумското внимание.

Откако 360 степени објави серија прилози дека Рашковски додека бил генерален секретар во Владата набавил софтвер за сообраќајни пре кршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен.

Софтверот го патентирал самиот Рашковски, а Министерство за внатрешни работи не било информирано за набавката, тврдат дека не им бил потребен таков софтвер и дека немало координација за набавката.

Денес повторно стана актуелен тој откако беше информирано дека тој со семејството заминал преку океанот.

Каде е Рашковски денеска новинарите го прашаа и премиерот Зоран Заев, кој рече дека не знае за секој вработен во Владата каде е и дали можеби некој користи одмор и најави дека ќе провери каде е Рашковски и ќе ја информира јавноста.

Сепак не требаше да помине премногу време за да се откри каде всушност е Рашковски. Поточно лично од негово име пристигна потврда дека е во Мексико, но и откри поради што е таму.

– Нема место за сенз ација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, изјави Рашковски за Фокус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.