Лејла Рамковска, ќерка на познатиот Велија Рамковски поранешен сопственик на веќе непостоечката А1 телевизија и неколку други медиуми и поранешна сопруга на Сефер Цановски често знае да биде привлечна за медиумите.
Лејла е прекрасна жена, мајка на две деца, која неизмерно и е посветена на јогата. На нејзината витка фигура не можете да останете рамнодушни, а фотките кои ги објавува на својот Инстаграм профил воодушевуваат многумина.
Една од „главите“ на А1 телевизија беше и Лејла Рамковска, ќерка на сопственикот Велија Рамковски. Таа по затварањето на телевизијата се посвети на сосема поинаква професија со која се занимава и денеска…
Лејла денес е една од најдобрите јога-инструктори во нашата земја, а резултатите од овој спорт се многу очигледни кај неа. Тоа најдобро може да се види и на нејзиниот профил на Инстаграм каде има стотина фотографии како вежба Јога.
-Не постои група на луѓе за кои смее или не смее или не се препорачува да практикува јога. Секој може да практикува јога..
Само е важно да си го најдеш вистинскиот тип на јога кој што ти прилега на твојот карактер.
Кога би опишала што јогата направи за мене, со еден збор, тоа е трансформација- дефинитивно. Започнав на 30 години со јога. Тие што практикуваат кога знаат.
Таа важи за личнос која доста патува, а овојпат се реши одморот да го помине на една од најпосакуваните светски дестинации.
Станува збор за егзотична дестинација која се наоѓа на континентот Африка, а станува збор за Занзибар. Лејла преку својот профил на инстаграм сподели во каква убавина ужива.