Баба штедела 13 години од својата пензија и си купила спортски автомобил

  • By klaster3
  • јули 9, 2022
  • 0
  • 528 Views

Соништата се остваруваат кога ги посакуваме со сета сила и правиме илјада мали чекори кои водат до целта и нивното исполнување.

Полската пензионерка Микелина Боровчик-Јеџеји, која си купила Субару ВРХ СТИ , тоа го докажала со својата приказна која го привлече вниманието на јавноста.

Иако зема пензија од 504 евра, подолг период собирала пари за да го купи овој автомобил бидејќи, како што вели, отсекогаш била љубител на брзи автомобили.

Уште како девојче, додека поминувала низ улиците и ги гледала сите тие брзи автомобили, сонувала да има свој еден ден.

Дури на 75 години ја исполнила својата желба, а по 13 години, колку што и биле потребни да собере 46.000 евра од пензијата, станала сопственик на овој автомобил.

Станува збор за спортски компактен автомобил со погон на сите тркала, произведен од јапонскиот производител на автомобили Субару, првично базиран на Импреза и создаден за Светскиот рели шампионат во 1992 година.

Можеби имала илјадници други начини да ја троши својата заштеда на похуман, покорисен и попаметен начин, но секогаш треба да ги почитувате туѓите желби и цели бидејќи факт е дека сите сме различни со сосема различни желби.

Ако Микелина отсекогаш сонувала за спортски автомобил, кој самата ќе го купи, тогаш нејзината мисија не може да биде извалкана со никакви негативни коментари или осу ди од околината.

Конечно одвоила дури 46.000 евра од свои заработени пари и си го остварила детскиот сон што е навистина реткост денес за кој било од нас.

Според последните истражувања кај нас просечната пензија во мај била 16,338 денари. Статистиката на ПИОМ за мај вели дека според корисниците на пензија по групи на исплати со 31.11 проценти најмногу има пензионери кои земаат пензија над 18.001 денар или во апсолутна бројка нивниот број е 102,081.

Втората најбројна група на исплати со учество од 27.51 процент се исплатите до 11,500 денари, а бројот на пензионери со овие примања изнесува 90,260, а бројот на пензионери кои земаат максимална пензија над 40.000 денари е нешто помал од 900.

Ова покажува дека ретко кој кај нас би можел, особено со порастот на инфлацијата, да може да заштеди и да купи ваков луксузен автомобил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.