Анета Молика проговори за здравствените проблеми со кои се соочувала, а за кои никој не слушнал

  • By klaster3
  • јули 8, 2022
  • 0
  • 570 Views

Анета Молика и нејзиното бисерно грло беше вистинско освежување за нашата естрадна сцена, која со генерациската промена на пејачи доби атра кција, но и висок гласовен квалитет.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

За Анета и Молика ретко кој некогаш напишал негативен коментар, а за тоа сведочат бројните настапи, свирки, турнеи коишто ги распродаваат како низ шега, но за Анета ниту крити ките не претставуваат проблем.

– Работат ни е таква што мора да има крити чари. Прифаќам кри тики ако нешто не ево ред, меѓутоа ако е во ред, ме здобол ело. Имам цел живот проблем со килажата.

Не сум ни прва ни последна и сега кога некој ќе ми искоментира ајде ти гледај се во огледало, види се на што личиш.. Не можеме сите да бидеме исти, да бидеме убави, скоцкани, како во калап ставени.

Еден период имав здравствени проблеми кога морав цела год да пијам кор тико и јас буквално се извиличив, се наполнив со течност, кор тико стеродидите прават задршка на течност во организмот и не можеш да се справиш никако со тоа.

Јас не можев буквално да станам од кревет. Една нога ми беше колку две, а морав да пеам. Ова досега никој го нема слушнато и не знаел никој со што сум се соочувала тогаш, ова беше пред многу години.

Не се откажав од настап, буквално седев на шанкерско столче и пеев. Не можев да облечам никакви чевли, ниту патики, толку голем проблем имав и баш тогаш добивав такви коментари, изјави Анета во емисијата Тренд Лајф на КТВ.

– Се сакам да јадам, гурман сум и по кафани сум порасната. Само што го отворивме ресторанот, еден месец поработивме и го затворивме. Тогаш си реков таман се куртулив да ми готват господски да се најадам, па морав да почнам да готвам, раскажува Анета.

Анета е скромна жена која не се замара многу околу тоа дали носи брендирана облека или не и, како што вели дури не сака ни да купува брендови, најчесто си носи тренерки и обични маици.

– Добро би ми дошле, меѓутоа не сум толку да кажам да купам ташна или чевли или било што. Искрено, со тие пари што ќе купам една ташна од 1.000 евра јас ќе купам 20, 30 и ќе имам менувам секој ден и нигде не пишува дали е оригинал или не.

Иако долги години ја шминкаат професионалци, Анета вели дека фатила ука од шминкерите и сега веќе сама се шминка за секоја пригода, што освен за настап или емисија, не се случува често.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.