Германија воведува нови правила за престој на странците на нејзина територија

  • By admin
  • јули 8, 2022
  • 0
  • 714 Views

Германија се соочува со недостиг на работници, нешто што се почесто го нагласува, па тамошните власти постојано бараат нови начини и правила да првилечат работници од странство.

Германската влада сака да им даде подобри можности за траен престој на странците кои имаат статус на толерирани лица во земјата. Владата даде зелено светло за нов предлог-закон кој го регулира престојот на овие лица.

Германската влада сака да отвори перспектива за долгорочен престој на илјадници странци кои со години живеат во Германија со статус на т.н. толерирани лица.

Владата го одобри предлог-законот за т.н. шанса за право на престој. „За околу 135.000 луѓе, ова е мост за подобар живот во Германија, за повеќе хуманост наместо недоверба во правото на престој“, изјави владината ополномоштеничка за интеграција, Рим Алабали-Радован.

Планираната регулатива треба да важи за луѓето кои до 1 јануари 2022 година живееле најмалку пет години во Германија и кои се залагаат за слободарско-демократски поредок.

Секој кој давал неточни информации или ла жел во врска со својот идентитет со цел да го спречи своето депо ртирање, нема да може да профитира од новата регулатива.

Исклучени ќе бидат и сторителите на кри вични дела, при што паричните ка зни од вкупно 50 дневници или осу ди според криви чното право за малолетни лица, не би требало да претставуваат пречка. Толерираните лица кои извршиле кр ивично дело ќе бидат проте рувани поконсеквентно отколку досега.

Во рок од една година ќе може да се исполнуваат останатите предуслови за право на останување во Германија. Доколку се докаже доволно познавање на германскиот јазик и доволно приходи за егзистенција, ќе може да се добие трајна дозвола за престој.

На 31 декември 2021 година, во Германија живееле околу 242.000 странци со статус на толерирани лица, односно 136.000 повеќе отколку пред пет години.

Предлог-законот се однесува и на доселувањето на стручњаци, кое владата сака да го поттикне со оглед на недостигот од ваква работна сила во многу бранши.

Странците стручњаци во иднина ќе може да ги носат во Германија своите брачни партнери и децата и без да мора да докажуваат познавање на германски јазик, што досега беше голема пречка за спојување на семејствата.

Треба да се олесни и интеграцијата на барателите на аз ил. Тие во иднина би требало да добијат пристап до курсеви за интеграција и професионални јазични курсеви уште од почеток, пренесува Дојче Веле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.