Македонските музичари презадоволни од публиката во Австралија – упатуваат голема благодарност

  • By klaster3
  • јули 4, 2022
  • 0
  • 496 Views

Откако конечно ситуацијата со вирусот се стиши, а многу граници се отворија, меѓу кои и оние на Австралија, патувањата започнаа да се враќат во нормала.

Со патувањата, парарелно се враќа и целиот живот во нормала, а тоа подразбира и културните настани и музичките забави ширум светот.

За Австралија општопознато е дека важи дом за голем број Македонци кои уживаат во наша музика во изведба на македонски музичари.

Па така веќе пристигна најава за настапи на многу наши пејачи на далечниот континент меѓу кои и Анета Молика, Сузана Гавазова и триото на Влатко Миладиноски, но први кои ја имаа честа да одржат турнеја периодов се други наши музичари.

Сања Сани Гроздановска, заедно со уште неколку музичари, меѓу кои и колегата Кико Божиновски ја забавуваа македонската дијаспора во Квинбијан, Сиднеј, Кампбелфилд во неколку клубови и сали.

Сите настапи им беа резервирани до последно столче, а на барање на публиката одржуваа и дополнителни настапи. Од она што го споделуваа на социјалните мрежи очигледно е дека македонската публика си поминала незаборавно.

Тоа го потврдија и самите музичари, па така, по враќањето од далечната Австралија, Кико на Фејсбук профилот упати благодарност до целата публика, но и до сите вклучени во организацијата на нивната турнеја.

„Заврши уште една успешна Avstraliska турнеја Организацијата екстра! (Republica Entertaiment (Menadjer Vlatko Joveski) во соработка со Estrada events, Rock dail Ilinden, MKUD Makedonski Biseri, Makedonski centar Vardar i Mak Fm ) Доаѓаме до неизбежниот и најважниот дел за овие забави!!

Вие драги пријатели и сонародници, вие бевте тие кои ги полнеа салите и конечно после Ко рона кризата знаевте да се развеселите и да ги стоплите душите и срцата, и вашите и нашите, допополнително да ни дадете стимул и љубов

Посебна благодарност и до сите наши колеги музичари и пејачи, кои неизмерно не испочитуваа со нивното присуство, а кога требаше да се помогне во техничка смисла, секогаш бевте до нас и со неизмерна посветеност помагавте несебично..

Да не го заборавиме и нашиот агент Даниела (CEO bo Stojanović Associates P/L MIgration agent), која во последен момент ни помогна со уште едно дополнително апдејтирање на декларациите, без кои не можевме да влеземе во Австралија ..

Срдечни и братски поздрави од сите нас…Браво за нашата убава, весела публика во Австралија!! Се гледаме во некоја наредна прилика.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.