Како што е познато во далечената Австралија живеат и работат голем број Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.
Македонци во Австралија или Австралиски Македонци се едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.
Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска во јна и Втората све тска во јна. Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на 20 век.
Тамошните Македонци важат за една од најголемите наши дијаспори во светот, а неодамна и пристигнаа бројки за тоа колку ја има.
Имено во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, покажа најновиот попис во оваа држава. Од нив, дури 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома и покрај фактот дека некои од иселените што се таму се трета генерација.
Според информациите од Австралија, бројот на попишани кои зборуваат дома македонски е поголем за околу 170 во споредба со пописот пред пет години.
A бројот на граѓани што се изјасниле како Македонци е зголемен од 97.000 на сегашните 111.352, што е потврда дека продолжува иселувањето на овој континент.
Најголем број од нашите иселеници живеат во сојузната држава Викторија (49.429), а најмалку (78) во централна Австралија, т.е. Северната Територија.
Во Нов Јужен Велс има 43.775 Македонци, во Западна Австралија 11.327, Квинсленд 3.335, Јужна Австралија 1.817, Тасманиа 133, главниот град Канбера 1458