(ФОТО) Живко Мукаетов по 15 месеци градба се пофали со зданието вредно 1,3 милион евра

  • By admin
  • јуни 30, 2022
  • 0
  • 422 Views

Како што е познато Живко Мукаетов, првиот човек на Алкалоид важи за еден од најпознатите македонски стопанственици.

Менаџерската кариера на Мукаетов започнала во септември 1999 година, кога бил поставен за раководител на проектот за маркетинг и пропаганда во „Алкалоид“, а во 2003 година бил назначен за директор на маркетинг и продажба на профитниот центар во Франција.

Мукаетов важи и за голем поддржувач на спортот, па во таа насока веќе неколку години е на чело на ракометната федерација на Македонија, а го има и ракометниот и шаховскиот клуб Алкалоид.

Тој е доста активен и на социјалните мрежи, па така вчера Мукаетов на својот инстаграм профил се огласи со низа фотка и притоа напиша:

15 месеци интензивни градежни работи. 1620м2 модерен складишен простор за фармацевтски суро вини и примарна амбалажа.

Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на кр иза.

Најновата инвестиција на „Алкалоид АД“ Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет.

Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини; подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат.

За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти.

Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници.

Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.

Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милиони евра беше извршено од страна на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.