Верица од гостиварско Врапчиште пред четири години имала каков таков скромен живот, но тогаш го губи сопругот, од тој момент таа останува на улица, со помош на хумани граѓани таа ќе изгради некоја соба, но ситуацијата е далеку од нормална.
Верица Стојановска има многу прашања но без одговори. Животот не ја милувал, откако го изгубила сопругот била оставенае на улица да се снаоѓа како знае и умее.
Од роднините била принудавана да внимава на струјата, да не троши многу, да не вклучуваат бојлер, да мие садови надвор на чешма и во зиме.
Таа со помош на хуманите луѓе има изградено куќа во фаза на карабина во која не може да се живее денес, но за понатаму немаат ниту денар, а зимата ќе стигне за час а со тоа и незивесноста на оваа храбра мајка ќе продолжи.
– Куќата во која што престојував е поделена на повеќе роднини, ние со сопругот и детето живеевме во една соба и сега по 27 години дојде ред да ја напуштиме.
– Откако и севкрвата замина во вечност започнаа со синот да ни префрлаат и на секој можен начин да не бркаат од нашата соба.
– Живеам многу тежок живот. Сопругот работеше приватно па ситуацијата не ни дозволуваше да отидеме под кирија или нешто слично. Приватното знаете како е, некогаш има работа, некогаш не.
– Подмуклата бо лест го зеде сопругот, од тој момент се ми се преврте, ми излегоа во пресрет градоначалникот и неколку хумани луѓе и ме примија да работам како хигиеничарка во општината.
– Подобор и јас да заминев кај него, ова не се издржува, вели Верица пред камерите на ,,Срце на Дланка” која иако е вработена, минималната плата не и стига ниту за најосновните работи.
Нејзниот син е во години во кои треба да се жени, а е невработен, ниту има стабилно решено стамбено прашање. А со тоа и скратени им се можностите да размислуваат за идни планови.
– Се имам поминато во животот, но убави работи многу ретко доживеано. Имам рок до крајот на летото да ја напуштам собата во која живеам, вели Верица.
– Јас сум благодарна што и толку ми помагнаа луѓето, но има уште многу работа овде, му ја мислам да не останам на улица бидејќи времето врви.
Доколку сакате да и помогнете на Верица и нејзинот син да ја доправат куќата и да не остават на улица тоа може да го направите на трансакциската сметка 270700050084056- Верица Стојановска или на телефонскиот број 075 304 405