Емилија по 13 години во дијаспора: Точно знам како е да си дијаспора – така што некој да ми кажува прикаски за мали деца, не може

  • By klaster3
  • јуни 13, 2022
  • 0
  • 398 Views

Емилија Тарунџиоска на нејзиниот Фејсбук профил пред неколку дена сподели објава за дијаспората која привлече внимание во јавноста и предизвика различни коментари и мислења за истата.

„Да ви кажам два три збора за дијаспората. За толку ценетата дијаспора за која гледам не можам да пишам збор а некој очите да не ми ги вади.

Е па вака. Едно време и јас бев дијаспора бе луѓе. 13 години бев дијаспора. 13 години ме бол еше душа за дома. Точно знам како е да си дијаспора.

Ти фали домот, татковината но знаеш дека дома не е сјајно, сепак си заминал за нешто подобро, за она што не ти го дала татковината а си мислел ќе го најдеш таму негде во светот.

И може си го нашол а може и не. Небитно. Тоа што е битно е дека не е твојот дом таму негде. Никогаш не бил и нема да биде. Секогаш Македонија ќе те бо ли и секогаш ќе знаеш дека како дома нема нигде.

Е сега, бидејќи ми рекоа дека дијаспората правела многу за Македонија и нив не требало да ги чепкаме, ова било наша бор ба. Точно знам колку се прави кога си дијаспора.

Спомнав погоре нели дека сум била и јас дел од неа. Така што некој да ми кажува прикаски за мали деца, не може.

Па да прашам прво, што направи дијаспората во последните неколку години од кога Македонија е во ср ањата во кои е? Пари се собираат, се испраќаат, се финансира нешто големо? Што? Ете јас може не сум информирана, ве молам информирајте ме.

Каде се резултатите од тоа? Ги гледаме? Македонија ја вративме? Пред авниците ги зат воривме? Да не редам куп други работи, знаете кај ми иде муабетот.

Второ, ако веќе не смееме да очекуваме од дијаспората да дојде и да се бо ри со нас пошто не било фер да остават се’ и да дојдат, не било фер да дадат таква жрт ва, пошто ова било само бо рба на тие што сме во Македонија, е па ќе се откаже ли дијаспората од својот македонски пасош ако е така?

Нема ли да дојде никогаш домче? Кога и ако дојде, нема ли да го бо ли самиот факт дека не мрднал со прст или ”мрднал” таму од Америка, Австралија, каде и да е по светот со прстот за некаква си донација ако веќе збориме за парично помагање од дијаспората а всушност тоа ништо не сменило.

Истите и поголеми ср ања си стојат. Луѓе, не е време за делење на дијаспора и тие што живеат во Македонија. Не е време за ние треба повеќе, тие помалце. Овие се должни да направат нешто, оние не.

Кој се чувствува ко Македонец, кој има корени од оваа земја, не треба да му се каже за да делува. И не на фејсбук! Не го сметам за бо рба она пишување постови, вадење истории и не знам што.

Додека ние пишуваме реферати за историјата, пред авниците ни ја кројат иднината во која нас не нема како народ, како земја! Сплотени сите и не ни требаат партии, не ни треба помош од нигде.

Државата ја прави народот, ама и народот знае да ја растури. Ние ја растуривме со таа поделеност и гледање за свој гз само.

Себи чноста мора да прекине ако сакаме да имаме земја на која ќе бидеме горди повторно и нема да се срамиме по светот затоа што сме дозволиле да не множат со 0.

За крај, дијаспората не треба да се вреѓа од ова. Само се обидувам да не поттурнам кон заедничко размислување и делување.
не е време за ничие его и кои сме и што сме. Повеќе од доволен треба да ни биде фактот дека сите сме Македонци!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.