Популарното музичко дуо ДНК деновиве повторно е во центарот на вниманието, а причината е промоцијата на новата песна.
Песната насловена со „Ако утре ме нема“ во соработка со Џамбо Агушев и неговиот оркестар буквално ја освои публиката. Во спотот гостуваа актерот Тони Михајловски, Васко Тодоров, пејачите Наум Петрески, Миле Кузмановски, Спасен Силјаноски и многу други.
ДНК деновив3е ја започнаа својата турнеја низ земјава по повод 20 години постоење на македонската музичка сцена, но најавија и голем лонцерт во декември во арената “Борис Трајковски”.
Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимат и видео запис.
Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.
Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти.
Новата нумера не остана незабележана меѓу публиката, па го освои срцето дури и на едно младо момче од Скопје, кое иако со ош тетен вид, сепак успеа песната да ја пренесе на најдобар можен начин. ДНК го споделија на нивниот Фејсбук профил.
„Драги наши, од денеска ние имаме нов ИДОЛ кој се вика Денис. Пред малку го добивме ова видео кое длабоко не трог на, ни ги насолзи очите, но истовремено ни ги стопи срцта.
Денес сфативме дека љубовта кон музиката нема граници и дека нема преп река која не може да се совлада доколку навистина се сака.
Денис Димитров, 21 година кој живее во Скопје, е младо и преталентирано момче кое, за жал, е со оште тен вид, но тоа не го спречува да свири хармоника и да пее.
Денис од само едно слушање го запаметил целиот текст и мелодијата, и сакал да ни испрати видео и каже дека нашата нова песна “Ако утре ме нема” моментално му е најомилената македонска нумера.
Голема благодарност до неговиот старател г-ѓа Сузана Стојановска што не исконтактира и ни го испрати видеото. Сузана веќе 5 години се грижи за него и го поддржува во сето она што Денис сака да го прави, а највеќе го охрабрува во неговите музички обиди.
Уживајте во изведбата на Денис и доколку не ви е проблем споделете го видеото за да стигне до што поголем број на луѓе, пред се, да ги мотивира, но и да го дознаат и видат неговиот голем талент“.
Видеото од талентираното момче може да го погледнете во продолжение: