Пратеникот и воедно лидер на Левица, Димитар Апасиев во изминатите години преразна во политички лик кој го сврте вниманието на јавноста.
Како и за секоја позната личност, особено од политиката, така и за Апасеви народот го интересира и за неговиот приватен живто за кој нема проблеми да зборува.
Познато е дека Апасиев е женет со Тамара Јованов со која од бракот имаат син, а неодамна проговори и како ја запросил.
– Сопругата ја запросив во 4 часот по полноќ отидов кај неа зедов прстен и фраерски ја запросив и порачувам на вас младите женете се не е ништо стра шно.
Пред некој ден на својот профил на фејсбук Тамара сподели еден линк над кој што напиша:
Дури и премногу му готвела, ако се прашам јас. Празно тенџере требало да му дава. Жената не е готвачка, туку брачен другар, со кој заедно ги организираш и извршуваш обврските по дома.
Ако е вработена, не може после работното време уште 8 саати да чисти, средува по дома, учи со децата, организира родендени, слави, да пазари и пази богати, да ти прави појадок, ручек и вечера.Засукај ракавите мрзо и испржи си јајца!
Чест на исклучоците, ама ако мислите дека веќе постои рамноправност меѓу родовите, ќе спомнам само дека анализите покажуваат дека на глобално ниво ќе бидат потребни уште 257 години за постигнување економска рамноправност.
Во 72 земји жените немаат речиси никакви права и за нив одлучуваат мажите, а над 70% од домашните обврски, се’ уште се сметаат како женска работа!!!
Пс. Бракот е убав, единствено ако за другиот постои почит и љубов, барем како за себеси, ако не и повеќе! Само со давање, можеш вистински да добиеш во заедница!