(ВИДЕО) Ирена Спасовска го спакува куферот и замина на егзотична дестинација

  • By klaster3
  • јуни 7, 2022
  • 0
  • 474 Views

Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.

Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.

Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.

– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.

Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Потоа тројцата заминаа по својот пат, а Ирена ѝ се посвети на музичката кариера, но веќе извесно време добро ѝ оди и на социјалните мрежи.

-Во времето кога јас почнував се почнуваше со оние стари, македонски песни, но јас кога почнав на 14 години во тоа време беше срамно да се каже дека пееш народно, и почнав забавно и набргу видов дека забавното некако не ме влече, и почнав од 15 години да си снимам народни песни.

Пред некој ден таа сподели убава вест – нејзината единствена ќерка Тамара е апсолвентка на ФОН, на Факултетот за мултимедија и графички дизајн.

Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. Но, таа сега не дочека и првите топли денови веднаш ги искористи да замине на одмор.

Пејачите особено оние кои пеат фолк песни се најангажирани за време на летото, кога има најмногу свадбени прослави. Сега, слободниот период Ирена реши да го помине во луксузната дестинација Хургада во Египет.

Од објавите на нејзините социјални мрежи може да се забележи дека ужива исто како да е во рајот. Во продолжение може да погледнете каде е сместена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.