(ФОТО) Даниел Кајмакоски јавно и порача на српската пејачка дека му се допаѓа

  • By klaster3
  • јуни 8, 2022
  • 0
  • 480 Views

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски е познат по победата на првата сезона од светското шоу X Factor Adria. Тој беше претставник на Македонија во Виена за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната „Лисја есенски“ по победата на Скопскиот Фестивал 2014.

На своја 7-годишна возраст заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Даниел има учествувано во повеќе музички шоуа, а првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12.

Во неговите рани години, тој и неговиот татко Павле Кајмакоски којшто е многу талентиран и скоро секоја работа ја научил од него свиреле заедно по свадби, крштевки и слично, па уште од тогаш бил забележан неговиот бескраен талент.

Во 2009 година, за првпат настапува во Македонија, на Охрид Фест со неговата сопствено искомпонирана и напишана песна „Нежна ко принцеза“, со која сепак повторно не бил забележан.

Една од неговите напишани песни е „Више се не врачаш“ која ја напишал на англиски јазик, но подоцна ја превеле на српски и таа песна е перформирана од страна на Каролина Гочева.

Во 2013 на сцената на Х Фактор се појави со песната „Red“ од Daniel Merriweather, со која успеа да го привлече вниманието на публиката и гледачите. По победата на Х Фактор, излезе неговата прва песна заедно со Жељко Јоксимовиќ „Скопје-Београд“.

Даниел Кајмакоски се чини како што се појави одеднаш, така и го снема од јавноста. Откако победи на х фактор Адрија и ја претставуваше Македонија на Евровизија 2015 години се очекуваше да направи светла иднина но ништо од тоа.

Ниту на приватен план не му беше ништо подобро. Се ожени со Кристина Димитри, добија син, но по три години заеднички живот се разделија. По ова Кајмакоски реши да се пресели во соседна Србија каде што живее во Белград.

На својата официјална страница повремено објавува детали за негови настапи во тамошни локали, а пак кон крајот на јануари по подолга пауза објави авторска песна насловена ,,Глумим да волим”.

Кајмакоски не е често активен на социјалните мрежи, не споделува скоро ништо од неговиот приватен живот, освен во некој специјален повод од неговиот професионален живот.

Но, иако не објавува ништо за него, коментарите го издаваат. Популарната балканска пејачка Едита Арадиновиќ деновиве како што пишуваат медиумите драст ично го промени својот изглед, ја скрати косата и ја остави природно кадрава.

Нејзиниот изглед не остана незабележан и од нашиот Кајмакоски, па тој на нејзиниот Инстаграм профил под објавата и напиша: „Ми се допаѓа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.