Вечерва земјотрес со јачина од 3.4 степени по рихтер во 20 часот и 40 минути е регистриран во Македонија.
Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е во близина на село Србиново. Епицентарот е на длабочина од 2 километри.
Тресење е почувствувано речиси низ цела Македонија но со послаб интензитет.
Овој дел од Македонија, особено кај Мавровското езеро е активен подолг период, но сеизмолозите велат дека станува збор за редовна сеизмичка активност.