Со цел да му се оддолжи на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ откако тој се појави на сцената на најголемиот италијански фестивал Санремо со воведните тактови на песната „Јутро је“, пејачката Нада Топчагиќ сега му подготвува подарок, но како што вели, таа сè уште не знае како ќе го достави. Сепак, веќе има неколку идеи.
„Златан оживеа хит од стара Југославија кој падна во кома и потоа ненадејно повторно заживеа благодарение на него. Затоа му подготвувам подарок кој ќе му го испратам, само не знам како.
Размислував да одам кај фудбалерот Дејан Станковиќ или кај некој од Фудбалскиот сојуз на Србија, за да му го предадат. Морам да му се заблагодарам на тоа момче кое направи чудо.
Мојата песна сега е една од најслушаните во Италија, но сето тоа благодарение на него“, навела Нада Топчагиќ во интервју за „Нова.рс“ па додала: