Преселбата на работниците што вредат во Германија е успорено – причината е јасна

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 620 Views

Веќе една година стручњаци од земји кои не се членки на ЕУ можат полесно да дојдат до работа и престој во Германија. Но, сето тоа се совпадна со корона-кризата, што фрла сенка врз придобивките од новите правила.

Очекувањата беа големи: Германскиот министер за економија Петер Алтмајер го нарече новиот закон за доселување на стручна работна сила – „пресвртница“ за Германија како деловна локација. Специјалисти за ИТ, занаетчии, медицински сестри – за сите нив патот до Германија требаше да биде полесен со новите правила што стапија во сила на 1 март 2020 година.

Една година подоцна, владините претставници наголемо го фалат законот. Тешко е да се каже дали со право. Пандемијата ги направи патувањата и доселувањето исклучително тешки.

Според германската влада, издадени се речиси 30.000 визи за стручњаци и специјализанти од земји кои не се членки на ЕУ. Колку од овие луѓе навистина влегле во Германија, меѓутоа, не се знае.

Даниел Терценбах, кој е одговорен за меѓународна соработка во бордот на Сојузната агенција за вработување (БА), е поборник на законот. Неговата прогноза пред една година гласеше: 10.000 имигранти во првата година, што тој го сметаше за реално. Па, како ретроспектива, тој резимира: „Посакувавме многу повеќе, но не значи дека ништо не е придвижено“.

До 1 март 2020 година, само апсолвенти од земји што не се членки на ЕУ на германските универзитети, без понуда за работно место, можеа да бараат работа во Германија. Ова сега стана можно и за стручните работници, под услов да зборуваат германски и да заработуваат доволно за живот. Визите треба да се издаваат побрзо.

Околу 2.000 стручњаци дојдоа во Германија во изминатите дванаесет месеци преку специјални програми на БА. Меѓу нив беа работници од Филипини (362), Мексико (200), Бразил (98), Виетнам (85), Иран (71), Индија (39), Украина (34), Тунис (27), како и 18 специјализанти од Ел Салвадор. Ограничувањата за патување предизвикани од корона-кризата и условите поврзани со пандемијата во земјите на потекло, не дозволија поголем прилив. „Некои земји – на пример Бразил – мораа драстично да ги намалат активностите за посредување за работа во Германија.

Поради екстремната состојба со коронавирусот во земјата, фокусот во моментов е сосема поинаков “, вели Терценбах.

Целата сторија проследете ја на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.