(ФОТО) Дац го ожени синот – на свадбата сите гледаа во невестата поради она што го носеше на себе

  • By admin
  • мај 28, 2022
  • 0
  • 493 Views

Популарниот македонски театарски, филмски и телевизиски глумец Драган Спасов-Дац во последно време е познат и како музичар.

Во последно време дуото Александар Митевски и Драган Спасов- Дац се омилени на публиката откако почнаа да снимаат заеднички песни но и преработики на познатите нумери.

Како што е познато Дац неодман се ожени синоќа, а веста ја потврди на својот профил на фејсбук каде што сподели фотка и за настанот напиша:

Во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување.

Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак. Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!

Неговите стапки ги следеше и неговиот син Јаков кој се ожени за својата животна сопатничка Софија, па синоќе правеа свадба.

Јаков реши да тргна по стапките на неговиот татко и работи во Театар Комедија, додека сопругата Софија е графички дизајнер и маркетинг менаџер,

Од фотографиите од свадбата кои ги објави Дац, се гледа дека и младенците избрале по кежуал облека, односно обуле патики.

Посебен детал во кој сите присутни гледаа е венчаницата на Софија која беше составена од кратки црни панталони, црно-бел горен дел на тенки рамки и бела долга наметка од тул од едната страна.

Притоа се гледаа тетоважите на ногата и раката на невестата, дел кој веројатно намерно го оставила не покриен, но секако храб избор на креација кој дава впечатлив изглед и уникатност.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.