Мицкоски се огласи од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура,

  • By admin
  • март 6, 2021
  • 0
  • 5239 Views

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника:

По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци, закани, уцени, менуваа изборен законик на пет минути пред почеток на кампања, во услови на пандемија, карантин, пакети, ја задожија државата за повеќе од една милијарда евра, пљачкаа и пљачкаат сѐ уште и што ли уште не…

Денес ги видовме со сета своја немоќ како на отворена сцена се обидуваат византиски убедени од своите лакеи (поранешни високи функционери на опозицијата) како се препелкаат нудејќи поделба на власта ама јас да не сум бил дел од истата бидејќи со мене немало договор, не сум бил добар соговорник.

И тука ДА прв пат се сложувам со Зоран Заев, јас немам концесија и не должам никому ништо, единствено му должам на мојот народ, на Македонците , на граѓаните на Македонија, на пратеничката група од коалицијата За обнова на Македонија, ИК, ЦК, општинските комитети, месните комитети, униите на ветерани, млади, жени, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба и се ќе сторам ним да им се оддолжам.

Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас.
Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник.

Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…
Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!

И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам.
Македонската пролет доаѓа!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.