(ФОТО) Најдобрата македонска фудбалерка ужива во Палма де Маљорка без горен дел од костимот за капење

  • By admin
  • мај 20, 2022
  • 0
  • 510 Views

Македонската женска фудбалска репрезентација е далеку од кремот на светскиот фудбал и бележи не така добри резултати.

„Црвено-црвените“ во последно време претрпеа убедливи порази изразени со многу голови во сопствената мрежа, па се очекуваат промени.

Малку се и македонските фудбалерки кои настапуваат на интернационална сцена, а кога станува збор за тие тука секако едно име е во преден план.

Станува збор за капитенката и најдобра македонска фубдалерка Наташа Андонова која игра за шпански Леванте.

Наташа е помладата сестра на Сијче Андонова, која исто така е македонска фудбалерка и притоа е најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.

Андонова ја започнала својата кариера во ЖФК Тиквешанка во Македонија. Таа првпат добила меѓународно внимание на Европското првенство до 19 години во 2010 година, на кое домаќин била Република Македонија.

И покрај тоа што играла во најслабиот тим во конкуренција, Андонова била прогласена за најдобар играч на турнирот.Дотогаш таа веќе ја претставувала сениорската репрезентација на Македонија.

Во летото 2010 година, Андонова била префрлена во ЖФК Борец, играјќи ја прелиминарната фаза од Лигата на шампионите 2010-11 година, а во зимскиот трансфер период, потпишала за Турбине Потсдам.

Андонова беше промовирана во првиот тим во февруари и истиот месец го одиграла својот прв натпревар во Бундеслигата. Таа го постигнала својот прв гол за Турбине во полуфиналето на ДФБ-Покал против Баерн Минхен.

Во мај 2015 година, Андонова ги напушта Турбине Потсдам, за шведскитие шампиони ФК Росенгард. Од 31 јануари 2017 година, Париз Сен Жермен објави дека е постигнат договор со Андонова за траен договор до крајот на сезоната во јуни 2017 година. Во ПСЖ, Андонова го носела бројот

Откако него продолжила договорот со ПСЖ и се приклучила на Барселона во јуни 2017 година каде што се задржува до 2019 година од каде се сели во Леванте каде што е и во моментов.

По крајот на сезоната Андонова реши да се одмори и замина на една од низата убави плажи во Палма де Маљорка каде што позираше без горен дел од костимот за капење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.