Игор Џамбазов доцна вечерва завиен во тага: Збогум брате

  • By klaster2
  • мај 17, 2022
  • 0
  • 591 Views

Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Игор Џамбазов ја обожава природата, сака вода, сонце и убава енергија, па токму затоа веќе со месеци се буди и заспива со поглед на Дојранското Езеро.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.

Неговите следбеници кои бројат повеќе од 106 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства.

Сашо Пижевски – Пиже (11 август 1964, Скопје, Република Македонија) — познат скопски шоумен, пејач и угостител. Роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и денеска живее.

Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес.

Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во ран ите 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др.

По нејзиното распаѓање, се посвети на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Пижевски е исто така менаџер, директор, ко-сопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки.

Доцна вечерва токму неговиот пријател Игор Џамбазов се огласи преку својот инстаграм профил на доста емотивен начин и се опрости од него:

,,Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост.

Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копи љациве, така?

Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.