На Кире од Штип не му даваат да си влезе во својата куќа – има катанци и со семејството ќе остане на улица

  • By klaster2
  • мај 17, 2022
  • 0
  • 550 Views

Портата зат ворена со катанец а пред неа обезбедување, ваква слика утрово затекле сопругата и децата на Кире од Штип кога сакале да си влезат во нивниот дом.

Имено патешествието на ова семејство трае повеќе од 14 години бидејќи од куќата во која живеат повеќе од пет децении денес треба да се иселат.

Според налогот денес тие во 10 часот требало да бидат иселени, а новиот сопственик поставил катанци на влезната порта.

– Ставиле катанци на влезната порта, влегле и дома без мое знаење додека јас бев на работа а децата беа дома, вели Кирчо пред камерите на М-нет телевизија.

– Бевме на суд во 2004 година, судот тогаш се произнесе дека не е надлежен за вакви случаи за да после некое време сепак биде надлежен.

– Сега во јуни сме повторно на судење, се надевам дека правдата ќе излезе на виделина, ова не се издржува повеќе, трпиме сите.

Ова не е прв пат да се соочуваат тие со овие проблеми, тие не се социјалне случај, но доколку ги набркаат тие ќе останат на улица со своите три малолетни деца.

– Имам документ од архивот во Штип, црно на бело дека ова е мое место. Од министерство за финансии му доделуват сосема друго место, а мојата куќа никаде не се спомнува.

– Апелирам до институциите да се размисли што се прави, документите кои ги имам јас и документите кои ги има тој да се согледаат.

– Да се види кој е во право, не може да биде тој во право после 50 години бидејќи станарското право ме следува мене, јас сум роден тука и децата ми се родени тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.