ФОТО: Познатиот актер од турските серии дојде во Скопје – ја откри и причината зошто е во Македонија

  • By klaster3
  • мај 17, 2022
  • 0
  • 525 Views

Можеби еден од најомилените и најсмешни турски актери на телевизија, тоа е познатиот Караман, Рамиз или Хасан – на кого како му останал запаметен.

Ердал Озијагчилар сме го гледале како еден од главните актери во неколку турски комични серии емитувани на македонските програми, како „Зет домазет“, „Збогум Румелија“ и „Добриот Домаќин“.

На Балканот, турските серии повеќе од 10 години се дел од секојдневието на луѓето. Турските серии се навистина многу барана содржина и милиони луѓе во светот секојдневно ги гледаат.

Тие се уникатни, возбудливи и различни од сѐ останато што во моментов се нуди на пазарот. За да се сфати глобалниот успех на турските серии треба да се има предвид и долгата и богата турска историја и географскиот простор на кој постоеле многу цивилизации.

Мајсторскиот актер Ердал Озјагчилар започнува со снимање сетот за серијата „Балканска приспивна песна“. Снимањето на серијата, која ќе раскажува балканска приказна по незаборавната серија „Збогум Румелија“, започна во Скопје.

Според продуцентите на серијата, снимањето започнало на 14 мај, додека серискиот филм ќе ги прикажува искрените и радосни приказни на балканските народи. Овој сериски филм ќе се прикажува на ТРТ 1 во текот на летото.

Серијата ќе ја раскажува љубовната приказна на двајца млади луѓе од различна националност во Скопје кое 600 години беше османлиски град, каде заедно живеат различни националности, како Турци, Албанци, Македонци. Нивната бит ка ќе биде прикажана во насока на постигнување на она што е невозможно во име на љубовта.

Екипата на ТВ сериjата која дојде на снимањето стана центар на вниманието. Трговци, купувачи и туристи во Турската чаршија во Скопје се наредија за да се фотографираат за спомен со Ердал Озијагчилар, главниот актер на серијата.

Озјагчилар, кој исто така доби големо признание со својата претходна улога во ТВ серијата „Збогум Румелија“, изјави дека „Балканска приспивна песна“ е величествена приказна која ќе привлече големо внимание и на Балканот и во Турција.

Наведувајќи дека во Скопје дошол 13 години по хит серијата „Збогум Румелија“ снимена на Балканот, уметникот рече:

– „Балканска приспивна песна“ е многу искрена, топла, убава приказна. Го глумам кофтеџијата Сулејман. Снимена е во Отомански замок, а таму е и мојата продавница за ќофтиња. Мислам дека публиката ќе биде заинтересирана за оваа серија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.