Тони Михајловски се огласи од странство и откри дали се преселил од Македонија

  • By klaster3
  • мај 14, 2022
  • 0
  • 496 Views

Тони Михајловски важи за еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време е активен и во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Како велат, крушата под круша паѓа, па така и синот на Тони, Александар е успешен глумец, а тој веќе е возрасен човек и фамилијарен од пред неколку години.

Освен со ангажманите во Македонија, популарниот Шанац има доста активности и снимања во соседна Србија.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ рече Тони за својата работа во Србија. „Црна свадба“ веќе се емитува на Телма.

Очигледно Михајловски е испрово циран од одредени луѓе кои веројатно се прашуваат каде е, па тој на својот фејсбук профил сподели статус со кој на некој начин им се објаснува и правда на оние кои се прашуваат за него.

„Не сум се преселил, сеуште, душогрижни хиени. Кога тоа ќе се случи ќе пишам еден статус јбт. Во соседна и пријателска Србија сум на привремена работа. Ако баш ве интересира снимам, повеќе од една, серија“ стои во статусот на Тони.

Познатиот ТВ водител Јанко Јади бурек во коментар го благослови да се пресели во Холивуд зашто тој е преголем за Европа и Србија е ситна боранија за него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.