Синоним за македонска легендарна музика е секако Трајче Манев, човек кој остави длабока трага во музичката историја на нашата земја.
Неговиот харизматичен настап, елегантност, неговите евергрини и ден денеска се пејат и вртат низ радио станиците ширум Македонија.
По подолга стагнација од телевизиските екрани токму штипјанецот Трајче Манев гостуваше во емисијата Г- Карпет каде отворено зборуваше за животот и кариерата.
– Од секогаш сум бил љубител на автомобили, имав спачак уште во 1976 година, не беше мала работа да се има автомобил тоа време.
– Тогаш имаше само пет или шест видови на автомобили, беа доста слаби моторно, но сепак одбележаа едно убаво време, вели Манев во воведот.
– Фраерите од мое време носеа долга коса, панталони наречени ѕвонарки, па и да не беа такви ние ги корегиравме, како и штикли.
– Легендарната песна Осамен е напишана токму за мојата сопруга Бети, песната не напишана во 4 или 5 часот наутро, бев скарани со нејзе тој период.
– И токму во тие мигови излегоа и музиката и текстот. Јас дома цвекиња не носам само за 8-март, тоа знам често да го правам.
– Но кога сопругата Бети ќе ми се налути, јас веднаш ќе запеам стихови од мојата песна, која ќе ја омекне, додава Трајче.
– Токму во таа легендарна година кога излезе ,,Осамен” на ,,Макфест” позади мене остана еден Кемал Монтено кој исто така натапи на манифестацијата.
– Последен пат настап имав на ,,Макфест” во 2001 година. Тој период се појавуваа и сестрите Кочовски, како и Џокси, Ристо Самарџиев, Џамбазов…
– Легендарниот костим од победата на ,,Макфест” го подарив а подоцна го пронајдов истиот во Норвешка, вели Манев пред камерите на ,,Г- Карпет”
– Сведоци сме дека песните од почетоците на ,, Макфест” ги знаеме повеќето да ги пееме, но овие последните за жал не знаеме ниту збор, тоа доволно говори за квалитетот.