Земјоделците продолжуваат да прават хаос: Кочанските пожарникари спречија неколку катастрофи во краток интервал

  • By admin
  • март 2, 2021
  • 0
  • 769 Views

Синоќа по 22 часот беа изгасени последните огнови кои догоруваа на стрништата во Кочанско Поле. Пожарникарите од ТППЕ од Кочани во полн состав до доцна вечерта се обидуваа да ги заштитат имотите на жителите на селата Прибачево, Мојанци, Тркање, Уларци, а во опасност беше доведена и Пречистителната станица во Мојанци, која минатата година беше изградена со средства на донатори.

Станицата користи високозапаллив метан, што беше аларм за пожарникарите, кога огнот стигнал речиси до оградата на пречистителната станица, сведочи командирот на ТППЕ, Благој Паунов.

„Загрозена беше и бензинската пумпа кај Чешиново, што моравме да ја обезбедуваме. Дополнителен проблем беше и цистерната полна со гориво, која се движеше на патот Штип – Кочани.

Цистерната беше заобиколена со пожарот од двете страни и не можевме да дозволиме да се движи. Во селото Прибачево во опасност беа домовите на жителите, со оглед на тоа дека огнот стигна до селото, исто како и во селото Тркање“, изјави командирот Паунов.

Како и во кризните денови на крајот од декември минатата година, кога огнот стигна до влезот на Кочани, и овој пат пожарите почнаа во попладневните часови, по работно време на инспекторите. Запалени се ниви на неколку сопственици. Земјоделски инспектор излезе на терен и по имотните листи е утврдено за кои парцели и сопственици се работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.