Ортопедскиот хирург д-р Александар Каревски од Градската општа болница „8 Септември“ се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:
ЗОШТО СИ ЗАМИНУВААТ ЛЕКАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА низ еден мал пример…
Јас за прв пат во регионот (до таму имам инфо а може и пошироко да е) на 02.07.2019 година заедно со Др. Петков вградивме протеза на вештачко рамо со користење на 3Д Принт инструментариум и модел.
2 години подоцна имаме направено барем уште 5 операции со користење на 3д Принт, ниту еден претставник на државава ме нема контактирано, а во тоа време бев и тивко “замолен” да не се пишува по медиуми.
Додека седам на компјутер и се спремам за следната операција со 3Д принтан имплант што ќе биде една од првите во светот ми излегува настан на ФБ хостиран од
Macedonian Medical Students’ Association (MMSA Macedonia) организација која гордо го носи логото кое јас го дизајнирав и со Др. Ненад Лазаров ја реанимиравме каде колега од Бугарија кој последната година е награден од претседателот на Бугарија, министерството и останати други амбасади и има добиено барем 4 гранта ќе ги едуцира нашите студенти по медицина за 3Д принт.
Е затоа сите ќе си отидеме. Само кажете дали последниот да ги исклучи респираторите…