Рада Манојловиќ искешира 180.000 евра за да се поднови: Со години работеше секој викенд и штедеше додека не собра пари

  • By klaster3
  • мај 6, 2022
  • 0
  • 522 Views

Српската пејачка Рада Манојловиќ е една од подобрите пејачки кои произлегоа од музичкото шоу „Ѕвезде Гранда” и тоа уште од првите изданија.

Со својот вокал и интерпретација Рада направи завидна кариера и се спаси од големата сиромаштија во која што живела дотогаш.

Таа пораснала во трошна куќа во селото Четереже за која е многу приврзана. Имено, Рада по заминувањето од овој свет на нејзината мајка живеела со сестра и и татко.

Рада Манојловиќ до неодамна живееше во главниот град на Србија како кираџија, но, како што пишуваат тамошните медиуми, конечно купила недвижен имот.

Имено, по 14 години станарски живот во главниот град, конечно купила луксузен стан во Врачар, а за имотот издвоила дури 180.000 евра.

– Рада со години работеше напорно секој викенд и штедеше додека не собра доволно пари за да живее во Белград. Таа со месеци ги биколеше становите и неодамна го пронашла идеалниот на Врачар.

Таа дури добила и попуст од продавачот, кој признал дека и ја намалил цената затоа што е нејзин обожавател! Не знам точно колку успеала да заштеди, но знам дека на крајот платила 180.000 евра за тој стан – вели добро упатен извор и открива како изгледа новиот дом на Рада.

– Станот има 70 квадрати, дневна и две спални соби и мала тераса. Целосно е уреден, па Рада не мора да купува нов мебел. Таа живее во новиот дом со сестра ѝ Марија, а често ја посетува нејзиниот татко Раде од Четереж, како и нејзиното момче Харис Берковиќ.

Пејачката купила и две места во гаражата во зградата во која живее.Едниот гаражен простор е за Рада, а другиот е наменет за нејзините гости. Така често таму се паркира нејзиното момче Харис.

– Рада е прекрасен сосед! Секогаш љубезно одговара, разговара со нас, скромна е и убава. Ја гледаме во пекара, продавница… Забележавме дека нејзиниот џип преку ден е секогаш паркиран во гаражата, а штом се стемни, тоа место е празно.

Ја прашувавме каде оди секоја вечер, ни рече дека има многу настапи, па често патува – вели сосетката на Рада и додава дека се уште не го запознала момчето на пејачката:

– Ја гледаме нејзината сестра Марија, и таа е многу фина, а Харис уште не сме го виделе. Се надеваме дека наскоро ќе се пресели кај неа, тие се многу убав пар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.