(ФОТО) Маја, сопругата на Ѓорѓе Иванов се покажа во кујната – синот Иван и подели комплименти

  • By admin
  • мај 4, 2022
  • 0
  • 484 Views

Како што е познато Маја Иванова родена Тоневска е сопруга на четвртиот македонски претседател Ѓорге Иванов и поранешна Прва дама на Македонија.

Иванова е родена во Скопје во 1964 година Првата Дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник и е вработена во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, каде што работи како советник. Воедно ги исполнува своите обврски како сопруга на Претседателот на Македонија.

Маја Иванова уште од раната младост била активна и динамична личност, чиј пристап кон опкружувањето и светот бил полн со нескриена љубопитност и желба за нови откривања и за поголемо знаење.

Деновите кога била ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“, а подоцна и нејзините гимназиски денови, биле исполнети со креативност и творење, пред сè со пишување поезија.

Љубовта кон својот роден град и неговата уникатна енергија ја насочува во збирката поезија посветена на Скопје, за која ја добива престижната награда „13 Ноември”.

За време на студиите на Правниот факултет во Скопје го почнува и својот ангажман во многу сфери на општествениот живот. Како младински политички активист е сведок на бурните настани кои го обележуваат создавањето на независната македонска држава, но и силен глас во младинските дебати кои како централна тема го поставуваа идното созревање и развојот на татковината.

Својата работна кариера Маја Иванова ја почнува во компанијата „Интеримпекс“, а потоа го прифаќа предизвикот да работи како претставник на швајцарската фармацевтска компанија „Хофман ла Рош“.

Кариерата ја продолжува во претставништвото на авиокомпанијата „Олимпик Ервејс“, а од 2001 година е вработена во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Нејзината континуирана ангажираност во Црвениот крст на Република Македонија несомнено придонесе кон подготвеноста на г-ѓа Маја Иванова при преземањето на обврските како сопруга на Претседателот на Република Македонија.

Г-ѓа Иванова недвојбено се посвети на прашањата кои не секогаш во општество се поставени како приоритетни — подобрување на условите и перспективите на децата без родители и на лицата со посебни потреби, како и зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување.

Слободните часови во семејството Иванови се исполнети со музика. Г-ѓата Маја Иванова, свесна за позитивните влијанија на музиката во животот на секој човек, честопати го исполнува семејниот простор со звуците на инструментите кои ги владее — пијано и хармоника.

Таа љубов кон музиката што ја дели со својот сопруг, ја пренесе и на синот Иван, кој денес покрај посветеноста на политичките студии, свири гитара и е активен млад музичар.

Од неодамна таа се оствари во улога на баба откако Иван се ожени и доби син со што донесе радост во фамилијата.

Зад нас се велигденските и мајските празници кои Иванови ги минаа во кругот на семејствот, а Иван сподели што подготви во кујната неговата мајка за што напиша:

Како што Лео ја беше Лиза сликал, Како што Лудвиг радоста во ода ја бликна, О, како што Фелини ни го покажа Долче Вита, Така Маја, Дроб Сармата ја свитка!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.