Џамбазов проговори како му се ценкаат газдите, па порача: Имам јас уште три-четири професии од кои заработувам

  • By admin
  • април 30, 2022
  • 0
  • 495 Views

Игор Џамбазов секогаш знае да биде актуелен и интересен за јавноста. Човек кој го кажува тоа што го мисли, без влакна на јазикот.

Тој еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател долг период е заедно со планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а  често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Јавноста го гледа и на телевизија МРТ1 каде што секој викенд го води квизот на знаење „20 секунди“.

Игор Џамбазов ја обожава природата, сака вода, сонце и убава енергија, па токму затоа веќе со месеци се буди и заспива со поглед на Дојранското Езеро.

Покрај тоа што своето време го минува во Скопје, Џамбазов си живее и во Дојран.

Тој е во тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати има профил на социјалните мрежи.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто. Откако се активираше, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

А кога преговараат за мој настап се „ценкаат“ како на пазар за 200 или 300 евра пониска цена. “Ееее…многу беее…може малку пониско?“ Може пониско пријателе, ама ако клекнеш.

Затоа и таа одлука да не соработувам со луѓе кои пластичните барбики од северот ги ценат повеќе од моите колеги и мене. Јас ќе преживеам некако без свирки и концерти, имам јас уште три-четири професии од кои заработувам. Но професионалните музичари живеат само и само од ова“, додава тој.

Сепак, се уште постојат локали кои им даваат предност на музичарите од Македонија, што е светло на крајот од тунелот.

„Чиста среќа е што не е секаде така. И што се уште има убави места во нашата Македонија каде што возбудата на публиката заради гостувањето на македонски музичари е поголема од било што.

А тоа ми дава надеж и малку светлина во тунелот на кичот и шундот….се гледаме таму! Да свириме и пееме македонско“, го заврши разговорот за Фокус.мк каде во целост може да го проследите неговото интервју.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.