Влатко Миладиноски: Ми пречи што ги забораваат своите песни, а се трудат со странски да се докажат

  • By klaster3
  • април 26, 2022
  • 0
  • 486 Views

Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

– Не сум на социјалните мрежи активен, имам само ,, фан пејџ,, која ја води еден мој близок пријател, а инаку сакам директна комнуикација и ми е и побезбедна, изјави во една прилика.

– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.

Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.

Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.

Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

Миладиноски пред извесно време се огласи дека конечно ќе ја одржат турнејата во Австралија. „Долго очекуваната турнеа во Австралија,после три години, на триото Влатко, Дамјан и Златко ќе се случи во Ноември и Декември месец оваа година…“

Како гостин во емисијата Магазин Влатко зборуваше за кариерата и неговиот живот и откри која му била најголемата желба за дует со некој пејач.

– Има доста, идеи секогаш имало. Можеби единствен дует кој ми беше голема желба беше дуетот „Кажи ми вујче“ со мојот вујко Војо Стојаноски, доста сум горд на таа песна и секогаш ми е драга.

– Едно нешто не толку да ме изнервира, туку ми смета кај одредени, што пред се не си ги пеат своите, лично своите песни туку се трудат со странски да се докажат. Тоа е погрешно.

Многу повеќе е како препорака, да си ги пеат своите песни. Ми смета тоа кога ги забораваат своите песни, истакнува Влатко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.