Златно срце, црн појас. Со овие зборови најдобро може да се опише прекрасната девојка Тамара Мисирлиќ (19) од Врање, која се занимава со карате од четиригодишна возраст.
Кога првпат разговаравме со неа, таа беше средношколка која сонуваше да се запише на факултет. Оваа млада, хумана каратистка денес студира на два факултети, а за само една година направи над 50 добри дела, пишува ,,Телеграф”
Таа врати насмевки на тажните, стари, измач ени лица на луѓето кои гладуваа, мрзнea и препла шени од зимата во трошните куќи кои се зака нуваа да паднат врз нив во секој момент.
Таа усреќи и многу деца кои сонуваа само за кукли, играчки, кои никогаш не го виделе Дедо Мраз. Тамара е девојка на која вечно ќе и бидат благодарни десетици луѓе.
И тоа е само почеток. Имено, младата Тамара ја основа својата фондација која во иднина ќе ја има најхуманата можна цел – да им помага на оние кои се одамна заборавени.
Својата хуманост за прв пат ја покажа кога приказната за малото девојче Ангела, која живееше сама со мајка си на планина во урна тини, допре до нејзиното срце. Од стипендијата издвоила помош за неа. Така започна се.
Овој пат Тамара на својот профил на социјалните мрежи отворено зборуваше за тоа во какво време живееме и што се ни се случува.
– Кафеани, дискотеки, ноќни клубови, забави, пи јанство, силикони, го лотија, глума, ла жен сјај, девојките изгледаат како пластични кукли.
– Жените не сакаат деца, мажите не сакаат семејство, животот на младите се сведува на кревет, кафе и цигари, бараат работа и го молат Господ да не најдат.
– Земајќи пари од родителите кои размислуваат како да си ги вратат долговите, се прават супер, а кога ќе дојдат дома, кога ќе се спушти завесата – глумата престанува, сфаќаат дека немаат ништо.
– Замислете само „мајка“ која својата младост ја поминала во дискотека, се опи вала, лесно го дава телото… Што ќе научи нејзиното дете – ништо, само кругот на неморал продолжува.
– Сите тие се само актери во ова одлично шоу наречено ,,Евтин живот” Сè стана толку евтино и празно. Нашите предци се сра муваат од своите потомци, вели за крај оваа паметна млада жена.