Опрема за лечење од рак вредна милиони со години стои во магацини неотпакувана во Македонија

  • By admin
  • февруари 25, 2021
  • 0
  • 1637 Views

Медицинска опрема вредна три милиони евра од 2013 година не е ставена во функција, додека пациенти болни од рак кои живеат во внатрешноста, мораат да патуваат до Скопје за да примат радиотерапија.

Машините за лекување на малигни заболувања планирани за болниците во Битола и во Штип, за сето ова време биле сместени во магацин поради доцнење на изградбата на бункерите неопходни за нивна употреба. За некои од апаратите е истечена и гаранцијата за исправност, според ревизорските извештаи.

Стотици километри поминуваат болните од рак што живеаат во внатрешноста на земјата за да добијат радиотерапија која помага во лекувањето на малигните заболувања. Децениските ветувања на политичарите дека болните од рак ќе може да ја добијат таа терапија во Битола или Штип сѐ уште не се исполнети.

Апаратите за потребната терапија вредни милиони евра, се набавени пред повеќе години и сѐ уште неупотребени фаќаат прашина во магацините. Станува збор за линеарни акцелератори кои зрачат високоенергетски зраци, со чија помош локално се уништуваат туморските клетки или во најмала рака го стопираат нивниот раст и развој.

Еден од набавените линеарни акцелератори наменет за штипската болница, со години стои во магацин, бидејќи за него не е изграден соодветен бункер.

Од друга страна, линеарниот акцелератор кој бил наменет за Битола е поставен, но две години не е пуштен во употреба. За старт на неговата употреба и натаму се чека да биде обучен кадар за да работи со него, односно медицински лица допрва посетуваат обуки.

Целата сторија може да ја проследите на Радио слободна европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.