Како што е познато синоќе македонската ракометна репрезентација ја совлада Чешка со 27-25 и се пласира на Светското првенство во Полска и Шведска.
Со ова нашата селекција го продолжува континуитетот на учества на големите ракометни собири и во јануари повторно ќе играме на едно големо натпреварување.
Филип Кузмановски со девет гола, Талески со шест и Митревски со четиринаесет интервенции беа нашите најдобри поединци.
На паркетот во Скопје блескаше Филип Кузмановски со девет гола, од кои и клучниот во самата завршница, кога од седум метри реализираше и донесе голема радост за нацијата.
По натпреварот во Скопје, Кузмановски победата му ја посвети на Филип Миркуловски, кој по скоро две децении замина во репрезентативна пензија, но и на претседателот Мукаегов и цела наша земја.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите, тие беа нашиот осми играч. Не се сеќавам кога сум играл пред ваква поддршка од трибините.
Среќни сме на големиот успех, но оваа победа му ја посветувам на Филип Миркуловски, како и на македонските фанови. Покажавме дека сме подготвени да ја преземеме одговорноста од нашите претходници.
Ќе продолжиме да го даваме максимумот на терен за овој дрес, како тоа што го правеше Миркуловски на секој натпревар“, рече Кузмановски.
Како што е познато битолчанецот кој се афирмираше во скопски Металург веќе неколку години наназад настапува во Германија.
Популарниот „Фитиљот“ игра за екипата на Хановер во Бундеслигата каде што е еден од најдобрите поединци во својот тим.
Како што е познато од 2019 година Кузмановски заплов во брачните води откако ја ожени згодната белешанка Моника Игнова.
Тогаш свадбата се одржа под отворено небо во родниот град на младоженецот, Битола.
Моника има завршено Правен факултет во Скопје, а интересно е тоа што е братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.
Филип и Моника живеат во Германија, а од фотографиите на инстаграм кои што ги споделуваат двајцата може да се забележи дека едноставно уживаат.
За Моника вреди да се каже дека изгледа навистина убаво и секогаш модно средена во тон – едноставно елеганција во движење.