Загрижувачки се денешните бројки со корона вирусот во Македонија: Работата не мириса на арно

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 1532 Views

Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во. Ова е уште еден показател дека бројките на заразени повторно скокаат.

Од новите случаи во следните градови се:

-Скопје 274 -Прилеп 79 -Кавадарци 55 -Тетово 39 -Куманово 34 -Охрид 29 -Гевгелија 26 -Неготино 25 -Велес 24 -Штип 20 -Гостивар 18 -Битола 16 -Струмица 13 -Кочани 12 -Струга и Крива Паланка по 11 -Богданци 6 -Крушево 5 -Ресен 4 -Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница,Валандово, Кратово и Демир Капија по 3 -Кичево 2 -Берово 1

Починати се 13 лица, по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:-Скопје 125 -Прилеп 19 -Кавадарци 13 -Струмица 9 -Велес 6 -Битола 5 -Тетово, Куманово и Неготино 4 -Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3 -Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2 -Кочани, Крива Паланка и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.