(ФОТО) Незаменливиот Јордан Митев пееше на среде езеро со специјален повод: Честитки од срце брате македонски

  • By klaster3
  • април 10, 2022
  • 0
  • 464 Views

Јордан Митев важи за еден од нашите најпознати и најбарани пејачи. Потекнува и живее во радовишко Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн.

Нашиот познат фолкер Јордан Митев пред пет години реши да стави крај на ергенскиот живот и се заколна на вечна љубов. Откако ја запроси Славица Митревска, Македонка родена во Австралија, тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес.

Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде. Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува:

-Ваков човек како мене, лесно е да освои. Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

Јордан во една прилика рече и дека песната „Жена за сто години“ е посветена на неговата сопруга Славица Митревска.

Несомнено е дека Јордан Митев би бил број еден избор при развеселувањето на македонските свадби, крштевки, родендени и други свечености. Со него забавата секогаш е загарантирана.

Но, и романтиката е неизбежна. Песните на Јордан Митев беа сведок на романтично запросување на бротче сред Охридското Езеро. На неговиот Фејсбук профил сподели видео од атмосферата и им честита на младите.

„Честитки од срце другар и брате македонски! Бидете среќни, вечни и од Бога благословени!“, напиша тој.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.