Некој ужива во пари, куќи, автомобили и многу други скапи работи, а некој едвај врзува крај со крај, не може ни основните услови за живот да ги овозможи. Тоа се двете страни на животот.
За некого мајка, за некого маќеа. Семејството Мишиќ од село Стајковце крај Лесковац животот воопшто не го милувал. Потребна им е помош за да може да живеат во нормални услови.
Семејството Мишиќ, составено од таткото Миќа (43), мајката Тамара (37) и синовите Михајло (12) и Божидар (10), живее во селото Стајковце, недалеку од Лесковац.
Нив ги посети хуманитарната организација „Покрени живот“ и беше сведок на состојбата на куќата и неподносливите услови во кои живеат Михајло и Божидар со своите родители.
Дека нивната борба за подобар живот е постојана докажува и фактот што таткото Миќа со години работи во трета смена, за да може мајката Тамара да оди на работа откако ќе ги прати децата на училиште.
Пропадната столарија, дотраени ѕидови, последици од поплавата, стариот мебел, студената и морничава глетка на собите се само дел од она што можете да го видите во нивната куќа.
Мајката спие со децата во една соба и таа е единствената просторија во која се греат и можат да живеат, а таткото Миќа не се сеќава како е да се спие нормално.
Синот Михајло вели дека сака ѕидовите да бидат обоени во црвено-бело, исто како боите на Црвена Ѕвезда, а би сакал да има и кревет и лустер со логото на омилениот клуб.
Мајката Тамара имала тешко детство, таа е родена без едно око и имала тешка опе рација на главата, но и покрај се, тоа не ја спречува да работи за дневница во селото за да го прехрани семејството.
Вредните деца, Михајло и Божидар, кога мајка им и татко им не се дома, ги чека макотрпна работа низ куќата, а приготвуваат и оброци кога има услови за истото.
Наместо да си играат со нивните врсници и да одат на училиште во нормални услови, тие мораат уште од мали да ја искусат горч ливата страна на животот.
Затоа, единственото нешто што го сакаат нивните родители е децата да им се насмеани и да имаат нормално детство. Оставени се на добрата волја на хуманите луѓе. За семејството може да донирате на еден од следните начини: