Самохраната мајка Јелена: Бевме 12, а сега сме 4 члена, не знам уште колку ќе тераме вака

  • By klaster2
  • април 8, 2022
  • 0
  • 581 Views

Животот не секогаш е наклонет кон нас и не оди во посакуваниот ритам кој го сакаме и замислуваме, и често знае да даде многу предизвици.

Со тие предизвици треба да се соочиме и да ги поминеме. Но што ако целиот живот едно семејство е соочено со многу предизвици.

Немање на основното и немање на минимални услови за живот. Насмевка и ведрина скоро и да нема, само црнило и голема неизвесност.

Вака може да се опише животот на самохраната мајка Јелена која живее со трите деца во недостојни услови за живот во 21 век.

Оваа куќа уште ја нарекуваат и куќата на ужа сот, и тоа со причина, кога ќе влезете сами ќе ги потврдите тие зборови.

– Бевме дванаесет сега сме четири члена во семејството, вака накратко го опишува својот живот оваа жена која видела многу во животот.

Искр шени прозори, ѕидови, врати кој се дотрајани и повеќе нефункционални. Дури и дупка на земјениот под што е доказ за тоа што тие преживуваат.

Распаднати кревети, та жни деца со многу барања но и сваќања за реалноста во која живеат. Мајката Јелена, најстариот син Лазар, Валентина и Драган ја делат оваа куќа.

Се уште мали по возраст но големи во проблеми со кои се справуваат секојдневно. Сопругот на Јелена заминал во вечност пред три години.

Додека тој бил жив крпеле некако крај со крај, во куќата биле дванаесет, од првиот брак имале седум деца, кои сега се во згрижувачко семејство.

Два дотраени кревети, стар шкаф, телевизор и шпорет – тоа е се што Анѓелковиќ имаат во својата мала соба. И оваа куќа од кал полна со влага и мувла не е на нивно име, вели хуманитарката Тамара Мисирлиќ која го посети ова семејство и му даде надеж дека се уште има добри луѓе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.