Иако во Австралија, учат македонски и матурираа: Македонскиот јазик е дел од нашиот идентитет

  • By admin
  • април 8, 2022
  • 0
  • 463 Views

Македонци во Австралија или Австралиски Македонци како што е познато се едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци. Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска во јна и Втората светска војн а. Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на 20 век.

На пописот од 2011 година, 40.222 жители на Австралија се наведени како родени во Република Македонија. Вкупно 93.570 жители се изјасниле со македонско потекло, или сами или во комбинација со друго потекло. Во 2001 година, Македонија била 26-то најзастапено родно место во Австралија.

Во македонскиот генерален конзул во Мелбурн беше организирана матурска вечер каде што присуствуваа наставниците Весна Дамчевска, Аница Савев како и други претставници на образовниот систем.

„Јазикот е особено значаен за македонската заедница која ја познава бор бата за зачувување на идентитетот и културата”, рече лабуристичката пратеничка Бронвин Халфпени на свеченоста во чест на матурантите по македонски јазик во Викторија, во организација на македонскиот генерален конзул во Мелбурн, Сања Зографска-Крстеска.

На свеченоста присуствуваше и г-дин Брус Аткинсон од либералната партија, а на присутните им се обрати и директорот на Викториското училиште за јазици, Френк Мерлино.

Тој посочува дека ако бројот на ученици падне под одредено ниво, тогаш може да се означикрјаот а изучувањето во средните училиша, но тој смета дека нема да се случи со македонскиот јазик па важно е нивната заедница да се здружи.

На учениците им се обрати и претставничката на лабористите со седиште во Томастаун. Таа рече дека изучувањето на македонскиот јазик е особоено значајно за заедницата.

„Големи се придобвиките од изучување втор јазик, можеби погрешно сте го зборувале кога сте биле помали, но сега дипломиравте и ги имате сите вештини за зборување и пишување на јазикот. Македонската култура досега поминала долго време бор ејќи се за своите култура и идентитет“.

Учениците се согласни дека македонскиот јазик е дел од нивниот идентитет, сакаат да го изучуваат, но и да го пренесат на нивните поколенија. Димитар Лазаревски е ученик кој го изучувал македонскиот јазик 11 години таму и една година во Битола. За него македонскиот јазик е поврзан со историјата.

„Родителите беа тие што ме натераа да почнам во македонско школо, оттогаш многу сакам да го учам бидејќи ми помогна да го зачувам македонскиот идентитет, да ги знам културите и историјата на Македонија“.

„Македонскиот јазик е мој идентитет и на моите родители, затоа сакам да го чувам и сакам моите деца да го учат јазикот. Јас усм голема патриотка и многу сакам да зборувам македонски“, вели Татјана Гроздановска – матурантка.

Наставничката по македонски јазик Весна Дамческа признава дека бројот на ученици во училиштето е  намален, но е оптимист дека во иднина работите ќе се променат.

„Би сакала да ја искористам оваа прилика да им пренесам една јасна порака како на учениците така и на родителите, во иднина да ги запишуваат нивните дечиња да го изчууваат македонскиот јазик бидејќи е признаен како јазик тука во викторија и денееска слушнавме колку е важно да се изучува втор јазик.

„Мора да признаеме дека овие две години имаа големо влијание на бројката на ученици. Таа се намали, па мораме да ги мотивираме родителите повторно да ги запишуваат во саботните училишта, како и во редовните училишта каде се изучува македонски јазик. Ние почнавме со настава со физичко присуство и тоа е голема разлика“, вели таа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.