Германското здружение за воздушен транспорт формулираше список на барања и им се обраќати на политичарите во форма на отворено писмо, со цел да се осигура дека оваа индустрија ќе расте кога ќе помине корона-кризата. Здружението ги застапува интересите на авиокомпаниите, аеродромите и контролата на летовите.
Здружението бара начин да го намали бројот на авиони во воздухот, бидејќи поради преоптовареноста на небото, понекогаш се чека со часови за одобрување да полета.
Тие забележуваат дека има компании кои ги намамуваат патниците со евтини билети за 9,99 евра. Здружението повикува на воведување анти-дампинг мерки и да се спречи паѓањето на цената на билетите. Идејата е да се ограничи минималната цена на билетот, во однос на сите такси, надоместоци и трошоци што ги има аеродромот. Бидејќи само еден данок во Германија е 12,90 евра, евтините билети ќе станат минато.
Според правилата на ЕУ, доколку летот се одложи повеќе од три часа, патниците имаат право на надомест на штета од 250 до 600 евра. Германците сакаат да го променат ова правило. Во моментот, нема пари да се враќаат ако има вонредни околности, а се случува судот да биде тој што ќе одлучи дали нешто е вонредна околност или не.
Здружението има уште еден проблем со ова правило. Ако летот од Мајорка до Хановер, на пример, треба да биде откажан поради технички проблеми, компанијата не е мотивирана да организира брз заменски лет во рок од три часа, бидејќи тоа е невозможно во тој период, па ако дефинитивно ќе плаќа надомест, тогаш заменскиот лет го организира дури за следниот ден.
Од Здружението сметаат дека луѓето попрво би пристигнале дома или на одмор на време, затоа тие бараат овој рок да се смени и да им се даде пет часа можно одложување.