Запознајте го најхуманото кафуле, каде работат луѓе кој другите ги отфрлиле

  • By klaster2
  • април 8, 2022
  • 0
  • 365 Views

Тимот на Најнежна рс. најде хумано место во срцето на белградска Чубара. На местото на поранешната руина е изградено необично кафуле „Звукот на срцетo”

Место во кое буди посебни емоции и кое се разликува од другите локали. Овде работат луѓе со посебни потреби а воедно и се обучуваат.

Нивната посебност не се огледува во нивните „посебни“ потреби, туку со искрени зборови, отворено срце, топлина, најискрена насмевка, но и желба за општествено корисна работа и придонес.

Хуманитарната организација Детско срце го осмисли проектот „Звукот на срцето“ и го отвори првото такво кафуле на балканските простори.

Во кафулето работат лица со лесна мен тална попреченост. Местото во суштина е работен центар каде работат дури 15 луѓе во две смени. Целиот работен центар е поделен на три дела.

Во еден дел работилницата „Сркотворин“, како што велат, тоа е место каде што срцето создава, а раката само го следи тој ритам и креираат цртежи.

– Овде ми е одлично, еден ден сакам да бидам сам свој газда, да печалам пари и да допринесувам, вели еден од вработените.

Другиот дел од просторот е одвоен за мала, но симпатична продавница во која се продаваат сите нивни производи кои ги изработуваат.

Разни маички, предмети, цртежи, изработки кои пленат со својата топлина и се направени од раците на овие вредни луѓе на кои им е дадена шанса.

А во третиот дел е споменатото кафуле „Звукот на срцето” Во работниот центар има вкупно 15 вработени, од кои осум се вработени преку програмата на Националната служба за вработување во Порск, а останатите кои доаѓаат се на еден вид работна терапија.

Доаѓаат овде да поминат организирано време во кое можат да ги покажат сите свои можности – изјави дефектологот Сашенка Мирковиќ

Во ова кафуле можете да видите лица со Даунов син дром и во улога на келнери и шанкери и во работилницата на различни позиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.